Обид за кражба на бакарен кабел под напон ја остави без струја кочанската пожарна и источниот дел на Кочани

t

Обид за кражба на бакарен кабел под напон од трафостаница на ЕВН Македонија ја остави без струја кочанската пожарна и делови од источниот дел на Кочани, наслебата Усова Чешма, Дневна нега и старата индустриска зона.

Според информации до кои дојде интернет-порталот „Гласно“ околу 15:30 ч. имало обид за кражба на бакарен кабел од трафостаница на ЕВН Македонија лоцирана во кругот на поранешното градежно претпријатие „Бетон“ во Кочани. Според неофицијални информации крадците откопале кабел од земјата, под напон од 10 илјади волти што водел до трафостаницата при што настанал спој и поголем дел од источниот дел на градот останал без струја. Претходните денови, од трафостаницата биле украдени и одредени бакарни делови, а попладнево крадците целосно ја онеспособиле трафостаницата. Засега нема информации за жртви.

По напори на ЕВН Македонија дел од корисниците кои немале струја ја добиле премостувајки од други трафостаници.

Поради тоа, од Територијалната противпожарна единица Кочани во чија близина се наоѓа трафостаницата, соопштија дека надвор од функција е бројот 193. Доколку граѓаните имаат потреба од пожарна да пријавата на бројот за итни ситуации 112

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…