Метео: Врнежи од дожд и снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Утре поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…