Струмичките пожарникари добија преполовена плата!

t

Струмичките пожарникари, кои ова лето беа на првата линија на фронтот против огнените стихии, се соочуваат со големо разочарување. Наместо плата од 80.000 денари, реалноста за нив е сурова – примањата се драстично помали, а според реакциите и коментарите на граѓаните, сумата е преполовена.

Револтот и тагата поради изиграната доверба, пожарникарите ги преточија во емотивно јавно обраќање насловено „Вреди ли?“.

„Некој на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство“

Во своето официјално соопштение, тие не кријат дека се чувствуваат изиграни. Иако не сакаат да вперант прст во конкретен виновник, нивната порака е јасна: ветувањата биле нереални, а ударот по нивното достоинство е реален.

„Не сакаме да обвиниме никого, НО РЕАЛНО ИЛИ НЕРЕАЛНО некој повторно на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство и секако со нашите чувства,“ стои во реакцијата на пожарникарите.

Оваа реченица директно алудира на сумата која им беше дадена како награда за нивниот ризик и пожртвуваност, но која очигледно не стигнала овој месец до нивните сметки во ветениот износ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките пожарникари добија преполовена плата!

Струмичките пожарникари, кои ова лето беа на…

Како Испитниот центар во Струмица од бизнис…

Испитниот центар во Струмица е контроверзна тема…

Расчистен случајот во кој четворица малолетници насилно…

На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен…

Кривична пријава против поранешен директор на јавно…

Кривична пријава против поранешен директор на јавно…

Полицаец пукал со пиштолот во просторија во…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…