Вучиќ закажа итен состанок на тимот за енергетика поради санкциите за НИС
Иднината на српската нафтена индустрија е сè уште под знак прашалник. Се чека одлуката на САД за нова лиценца, што би ѝ овозможило на компанијата да работи додека траат преговорите за одржливо решение.
Поради моменталната енергетска ситуација со НИС, претседателот Александар Вучиќ закажа итен состанок со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата во 17 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
Тој претходно потврди дека разговорите со американската страна се во тек, но многу тешки. Србија чека одлука од Вашингтон за нова лиценца за да може НИС да продолжи да работи, бидејќи рафинеријата за нафта ги користи последните залихи на сурова нафта за преработка. Претходно беше кажано дека суровата нафта ќе биде достапна само до вторник, 25 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…