Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ.
„Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите инвестиции. Прашањето е зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата“, прашуваат од опозицијата.
Наместо да се обидува да го минимизира скандалот, велат од СДСМ, владата треба да го повика Трипуновски на одговорност.
„Министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност за скандал тежок 130 милиони евра од сопствениот ресор не смее да остане на функција. Министер кој ја крие вистината од земјоделците и кој го загрозува нивниот опстанок нема кредибилитет да го води земјоделството“, сметаат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата,…
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со…
Кузеска: Власта нема волја за спроведување на…
Власта нема политичка волја за спроведување реформите…
СДСМ: Трипуновски го загрозува системот на поддршка…
Прес-конференција на СДСМ: Две недели по мега-скандалот…
Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски…
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо…
Уставен суд: Тезите дека „СДСМ преку Кацарска…
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана…