Костадинов: Општина Струмица ги намали платите на пожарникарите, а пари има

t

кс-градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов објави дека е изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители. Според него, високата плата на пожарникарите спасители не е само обично покачување на примањата, туку претставува поттик за економскиот развој на општината.

-Начин за исплата на зголемените плати има. Ако ТППЕ Струмица има околу триста интервенции во општина Струмица, верувам дека има уште толку и во околните општини, а тоа го правиме во знак на добра волја, без финансиска партиципација од нивна страна.

Пред неколку дена видов дека близу една милијарда денари ќе има поддршка и од Министерството за одбрана за финансиска поддршка на пожарникарите, што е добро и согласно собраниските процедури и читањето на националниот буџет би дошло во вистинско време. Сè што е потребно е добра волја и искрен пристап, а убеден сум дека ги има од сите страни, истакна поранешниот градоначалник.

Оценува дека одредени индивидуи од секторот за финансии извршиле сериозен притисок за да се донесе ваква одлука.

-Мојот став за пожарникарите спасители останува непроменет. Тие се нашите херои и како такви треба да ги чуваме во „стаклено ѕвоно“. Имам искуство со многу правни голготи низ кои поминуваа за да ги остварат своите права: од регулирањето на хранарината, до плаќањето на викендите, систематизацијата и уште еден куп други бирократски, досадни пречки кои го попречуваа остварувањето на нивните основни права. Верувале или не, и покрај сето тоа, тие никогаш не размислуваа кога стануваше збор за нивната улога во заштита на нашата безбедност и превенција.

Од тие причини сметам дека освен платата и социјалниот статус на пожарникарот спасител мора да биде ставен на високо ниво. Затоа беа моите одлуки во рамки на мојот мандат тие да добијат ослободување од плаќање паркинг и бесплатен превоз во рамки на ЈСП Струмица како поттик и мотив кон нив дека не се заборавени, туку се симбол со кој Струмица се гордее, стои во реакцијата на Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…