Мицкоски секој ден вербално се пресметува со судии

t

Нема ден, а премиерот Христијан Мицкоски да не излезе со напад врз судиите или обвинителите во земјата, а паралелно од неговата партија се штанцаат исто такви содржини, иако таквите напади врз судството и обвинителството беа една од најлошите забелешки на ЕУ во последниот извештај за прогресот.

Денес, во изјава за новинарите Мицкоски во тој стил ја прокоментира информацијата дека Стразбур отвора постапка околу жалбата на Гордана Јанкуловска дека немала фер шанса за одбрана на судењето за предметот „Тенк“ за кој одлежа затвор од три години. Според Мицкоски дописот од Стразбур до владата е уште една потврда дека судството во земјата е политички октроирано од претходната власт на СДСМ и ДУИ и дека итно ни треба реформа, но не ваква каква што бара ЕУ, туку како што рече „суштинска“, која нема да се сведе на зголемување на платите.

-Утрово го прочитав соопштението (од Стразбур). Во него јасно стои дека имаат забелешки на процесот, на начинот на судењето и отвораат предлог да го преразгледаат, заради нарушување на човекови права и такво нешто. За вакви и слични случаи зборуваме подолг период. Тоа се оние судии на кои им е мала платата и сакаат двојно и тројно поголема , партиски октроирани и заробени од претходната влада. Малкумина се.

Видете кој го водеше тој случај „Тенк“ и каде е сега. И, не престанува тој судија. Сега ги атакува пензионерите за линеарното зголемување , сака тоа право да им го одземе. Од друга страна бараат двојно, тројно поголеми плати. Гледате какви октроирани пресуди носат. За жал мора да се срамиме и да црвенееме пред Стразбур заради ваквите малкумина судии кои го контаминираат нашиот судски систем

Реформа во судството е апсолутно потребна, но суштинска, а не зголемување на платите на овие судии кои не ги заслужуваат и чии плати се драматично поголеми од просечните плати во државата. Тоа е уште една потврда за политичко октроираното судство во кое поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски, изложувајќи ја на јавен линч уставната судијка Добрира Кацарска.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ ја нападнаа Кацарска исто така, што не е ново, бидејќи поради инволвираноста во случаи на некогашното СЈО, таа е предмет на напад од оваа партија веќе со години. Во соопштението се проблематизира нејзиниот избор за уставен судија, како да била избрана вчера а не многу одамна, а тоа тие сега го откриваат. Според ВМРО-ДПМНЕ; нејзиното именување било резултат на политичка наклонетост и блискост со СДСМ и дека Кацарска била „наградувана“ поради нејзината улога во судските процеси за 27 април.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така тврдат дека Кацарска донела „драконски казни“ и водела „нефер постапка“, притоа критикувајќи го, како што тврдат, нејзиното однесување за време на рочиштата. Партијата смета дека ваквите случаи придонеле за ниска доверба на јавноста во судството.

По Ленче Ристеска, чија кандидатура за Стразбур ја спречија, по Љупчо Коцевски кој секоја недела најавуваат дека сакаат да го сменат, сега на тапет се и уставната судијка, со што „фронтот“ против судството само зема замав место да се работи на реформите што ги предложи самата влада во Брисел.

Освен што премиерот со ваквите константни напади почна се повеќе наликува на Виктор Орбан кому му беа ускратени милијарди евра заради заробување на судството, тоа ја доведува во прашање и евроинтеграцијата на Македонија.

Уште повеќе што премиерот упорно одбива да ги спроведе клучните реформи наведени во Реформската агенда, сведувајќи ги на прашање за платите на судиите . За да биде поактуелен со ова стопати повторено заканување, Мицкоски рече дека (ако го прифати тоа што го бара Брисел од нас) Кацарска би имала значително повисок месечен доход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски секој ден вербално се пресметува со…

Нема ден, а премиерот Христијан Мицкоски да…

Бебе почина во Општата болница во Кичево,…

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево…

Малолетник силувал девојче во Скопје

На 23.11.2025 во 16:30 часот во СВР…

Мицкоски: Случајот со Аца Лукас не заслужува…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како…

Кисела Вода има шест милиони денари долг…

Општина Кисела Вода, има склучено договор со…