Мерц: Русија мора да се врати на преговорната маса за мировниот план во Украина да успее
Русија мора да се врати на „преговорната маса“ за мировниот план во Украина да има шанса за успех, изјави во понеделник германскиот канцелар Фридрих Мерц, оценувајќи дека дипломатскиот пробив оваа недела е малку веројатен.
„Русија мора да биде присутна на (преговорната) маса. Доколку тоа се случи, секој напор би бил оправдан, во спротивно, напорите ќе мора да се удвојат“, рече Мерц на маргините на самитот на ЕУ и Африканската унија во Луанда, Ангола.
Берлин го поздрави напредокот постигнат од Американците, Украинците и Европејците во разговорите во Женева.
Основата за преговорите беше план од 28 точки предложен од Вашингтон, кој беше оценет како во голема мера поволен за Москва.
„Тоа е макотрпен процес (…), не очекувам пробив оваа недела“, рече Мерц.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека е „многу оптимист“ во врска со можноста за постигнување договор „многу брзо“.
Европејците ќе мора да одобрат секој аспект што се однесува на нивната безбедност во иден договор за прекин на војната во таа земја, предупреди и германскиот канцелар.
„Важно ни е мировен план за Украина да не биде договорен без наша согласност кога станува збор за прашања што се однесуваат на европските интереси и европскиот суверенитет“, рече тој.
Првичната верзија на американскиот документ предизвика противење од Киев и неговите европски сојузници – Париз, Лондон, Берлин и Рим – кои се собраа во Женева во неделата за да спречат мировен договор што би претставувал капитулација.
Но, по тие разговори, САД и Украина „изработија нова, ревидирана верзија на рамката за мировен договор“, која треба „целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, според заедничкото соопштение.
Првичниот предлог на Трамп опфаќа неколку барања што се клучни за Москва: Украина да отстапи територија, да прифати намалување на својата војска и да се откаже од амбициите за членство во НАТО.
Исто така, вклучува и западни безбедносни гаранции за Киев за да се спречи нов руски напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…