„Итака“ – Алексис Ципрас ги објави своите мемоари

t

Финансиската криза, плановите за исклучување на земјата од Европската Унија, затворените банки, референдумот, средбите со странски лидери, како што се Меркел, Оланд, Путин, реакциите на тогашната опозиција и напорите на тогашната Влада, но и надворешната политика и Договорот од Преспа, односно сите случувања во Грција и Европа во периодот 2015-2019 година кога СИРИЗА беше на власт, се опфатени во „Итака“ – книгата на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Според издавачката куќа „Гутенберг“ во книгата со 11+1 поглавја „читателот ќе ја согледа вистината, поткрепена со документи, записници од состаноци и драматични дијалози со сите лидери во тоа време, и ќе ги разбере мислите и дилемите на Алексис Ципрас тогаш, но и денешниот критички поглед кон тој период“.

– „Итака“ на Алексис Ципрас не е книга за минатото, туку декларација на надеж и перспектива за иднината. Секое случување, секое откритие, секоја критика и автокритика, авторот не ги третира како архивско бележење на минатото, туку како предмет на размислување за сегашноста и иднината. Како можност за размислување за себе, но и за сите оние кои инсистираат на визијата за праведна Грција, не само за „што направивме“, туку за „што треба да направиме“, соопштија неодамна од издавачката куќа во однос на книгата.

Книгата е пуштена во продажба по цена од 28 евра во сите книжарници во Грција, додека пак следната среда ќе биде и официјалната промоција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Итака“ – Алексис Ципрас ги објави своите…

Финансиската криза, плановите за исклучување на земјата…