Мицкоски: Рекорден интерес за искористување на мерката за самовработување – Владата обезбеди до 20.000 евра грант

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги додели решенијата за самовработување, потенцирајќи дека мерката е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Тој истакна дека државата ја менува филозофијата од обезбедување социјална поддршка во создавање можности.

„Стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните имаат желба, знаење и самодоверба да изградат сопствен бизнис“, рече Мицкоски.

За годинашниот Оперативен план се издвоени 40 милиони евра (над 2,5 милијарди денари), што е за 7,5 милиони евра повеќе од лани и претставува рекорден износ. Со овие средства се очекува да бидат опфатени 16.507 лица.

Зголемени грантови:

  • Млади до 29 години: 10.000 евра или 20.000 евра за здружување во ДОО.
  • Лица над 29 години: 7.000 евра или 14.000 евра за здружување во ДОО.

Поради огромниот интерес, Министерството за економија и труд заедно со Агенцијата за вработување предложија ревизија на Планот, со што се обезбедија дополнителни 300 милиони денари (со 161 милион од ребалансот), за да не остане „ниту еден потенцијален претприемач без шанса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…

Владата донесе Одлуката со која се менуваат…

Со 69 гласа изгласани се новите министри…

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…

Државите не ги менуваат своите судбини преку…