„Си-Би-Ес“: Украина ги прифати условите од мировниот план на САД
Украина се согласи со условите на потенцијалниот мировен договор предложен од САД, објави Си- Би-Ес, повикувајќи се на американски функционер.
„Украинците се согласија со мировен договор“, пренесува каналот.
Според изворот, „постојат некои мали детали што треба да се разработат“. „Остануваме многу оптимисти. Министерот Дрискол е оптимист. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме одговор од Русите. Сè се движи брзо“, додаде изворот.
Според нив, Дрискол поминал неколку часа на 25 ноември во разговори со руски претставници.
Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека сојузниците на Украина одлучиле да работат на постојниот американски план, наместо да изготвуваат алтернативен документ.
Украина се согласи со условите на потенцијалниот мировен договор предложен од САД.
Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC) на Украина, Рустем Умеров, изјави дека делегациите на Киев и Вашингтон „постигнале заедничко разбирање за клучните услови на договорот“ за време на состаноците во Женева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…