Побегна еден од осудените за несреќата во Ласкарци

t

Во делот „Потраги“ на сајтот на МВР, осамна фотографијата на Ремзи Мифтари кој и официјално е во бегство од затворската казна од 10 години, изречена за страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, кога се преврте автобус на „Дурмо турс“, во која компанија Мифтари беше одговорен за возниот парк.

По неколкукратно одложување на одењето во затворот „Идризово“, со образложенија дека е болен, па треба да се оперира од кила на тестиси, па да заздраве од операцијата, Мифтари не дојде на затворската капија во рокот што му бил даден. На 18 ноември судијата од ОС Гостивар за извршување на санкциите, побара присилно приведување на Мифтари, но доцна. Полицијата не го најде Мифтари и се уште го бара.

Пресудата му беше изречена уште во мај, како и на Дурмиш Белули кој е газда на „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор и кој исто како и Мифтари, се оперираше од кила на тестиси, речиси истовремено со него.

На барање на хирургот што го оперирал, поради компликации, осудијата за извршување на санкции од Судот во Гостивар му дал уште едно одлагање од 15 дена, па така сега на први декември Белули треба да се јави во „Идризово“ и да почне да ја одлежува казната од 10 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сикорски: Подемот на АфД би можел да…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Јанша ја врти Словенија кон Израел

Додека односите меѓу поголемиот дел од Европа…

ЕУ предупредува на нова закана: Млади се…

Европските безбедносни служби се соочуваат со нов…

AfD со 44 отсто во Саксонија-Анхалт: Затворање…

Германија е соочена со нов политички потрес…

Утрово уапсен и Перпарим Бајрами: Се пријавил…

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами,…