Дрвокрадци намерно се судриле со службено возило на Шумската полиција сакајќи да избегаат

t

Дрвокрадци синоќа во Прилеп намерно се судриле со службено возило на Шумската полиција сакајќи да побегнат од местото.

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов утрово информираше за инцидентот и објави дека се работи за дрвокрадци кои им се добро познати. Тој додаде дека две лица се приведени на лице место, се трага по останати две кои се познати, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

„Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството. Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе“, објави Михаилов.

На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрвокрадци намерно се судриле со службено возило…

Дрвокрадци синоќа во Прилеп намерно се судриле…

Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата…

На 01.06.2025 околу 18.10 часот од страна…

Полицаец штител дрвокрадци, им јавувал кога ќе…

Полицаец од Тетово доби кривична пријава за…

(ВИДЕО) Лов на дрвокрадци во живо на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…

Дрвокрадци нападнале шумски полицајци со моторна пила

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…