Ѓорѓиевски: Следува многу работа, многу пот и труд
После подолго време, конечно се одржува седница на Координативното тело на градоначалници, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Денес, во просториите на Град Скопје ја одржавме првата седница на Координативното тело на градоначалници, по повеќе од три години застој.
Ова е нов почеток, пракса што повторно ја воспоставуваме за да има ред, координација и вистинска работа меѓу сите скопски општини.
Заедно со колегите градоначалници, заеднички ќе го креираме Буџетот, ќе ги решаваме старите проблеми, ќе ги спречуваме новите и ќе отвораме пат за проекти кои му носат корист на секој скопјанец.
Без калкулации, со директна координација и заедничка волја.
Сакам да ја информирам јавноста и за состојбите во градот, за критично лошата финансиска состојба и нефункционални јавни претпријатија.
Но работиме силно и со многу труд.
За две недели откако стапив на функцијата градоначалник, денес можам да кажам дека ситуацијата е под контрола.
Ги расчистивме дивите депонии – и големите но и оние на микролокациите.
Го исчистивме градот.
Претпријатијата кои со месеци немаа земено плата се консолидирани, со исплатено здравствено и пензиско осигурување.
Градот, полека застанува на нозе.
Паралелно започнавме тендерски постапки за низа проекти кои ги ветив во програмата како што се Лимак, кружниот тек во Ѓорче Петров, стабилизација на притисокот на вода во високите зони, како и многу други проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
Еден проект што ми е посебно драг е Луна Паркот.
Почнуваме постапка и конечно, после децении, нашите деца ќе добијат место за радост и игра. Нешто што ние и нашите генерации долго го очекувавме.
Со силно темпо започнуваме и со отстранување на времените објекти што го узурпираат јавниот простор.
Повеќе нема да дозволиме тротоарите да бидат паркинзи, а пешаците да ризикуваат живот низ улиците и булеварите.
Почитувани, следува многу работа, многу пот и труд.
Ова е делот што најмногу ме исполнува, работа за мојот народ и резултати што се гледаат.
Ќе работиме паралелно во секоја општина и ќе почнеме проекти во секој дел од градот.
Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, реално ќе го живееме.
Најдоброто, доаѓа! – напиша Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазени двајца пешаци – едниот во центар…
МВР информира дека вчера попладне во 17:20…
Генералниот директор на „Визер“: Во Скопје го…
За околу три недели во базата на…
Максимална достигната цена на стан е 3.070…
Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски,…
Полициска акција во Скопје, Куманово и други…
Утрово се спроведува полициска акција во Скопје,…
Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема…
Градот Скопје во овој момент спроведува паралелни…