Спречен обид за шверц на хашиш на скопскиот аеродром, едно лице приведено
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром, едно лице е приведено и поднесена е кривична пријава против него.
„Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија“, соопшти Царинската управа.
Патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Овој случај, се додава во соопштението, ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен обид за шверц на хашиш на…
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш…
Тинејџерка сред бел ден нападната и повредена…
19-годишна скопјанка вчера пријавила дека среде бел…
Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…
Изгоре автомобил во Аеродром, нема повредени
На 09.11.2025 во 00:45 часот во СВР…
Без струја дел од корисниците во Аеродром,…
Без електрична енергија денеска од 08.00 до…