Трамп го брани Виткоф по скандалот со прислушувани разговори: Разговорот беше „стандардна преговарачка техника“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го бранеше специјалниот пратеник Стив Виткоф, откако беше објавено дека во прислушуван телефонски разговор давал насоки на висок руски функционер, пренесе „Њујорк тајмс“.
Трамп изјави дека Виткоф применувал „стандардни преговарачки техники“ во рамките на најновата американска иницијатива за прекин на војната во Украина и дека повторно ќе го испрати во Русија на средба со претседателот Владимир Путин.
Агенцијата „Блумберг“ претходно објави дел од наводен стенограм од разговор од 14 октомври меѓу Виткоф и Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин. Во разговорот, Виткоф наводно давал совети како Москва да ја обезбеди поддршката на Трамп за прифатливи услови за прекин на конфликтот.
Трамп, говорејќи пред новинарите во авионот „Ер Форс Еден“, оцени дека разговорот бил дел од дипломатските напори.
– Не сум слушнал за тоа, но тоа е сосема нормално. Тоа е работата на еден преговарач, истакна американскиот претседател.
Тој додаде дека преговорите покажуваат „добар напредок“, но дека постигнувањето договор е потешко од очекуваното. Според него, личните односи со Путин би можеле да помогнат во процесот, кој го оцени како „сложен“.
Белата куќа соопшти дека мировниот план бил изготвен од Џаред Кушнер и Виткоф, кои претходно неколкупати се состанувале со руски официјални претставници.
Локални меидуми посочуваат дека дел од републиканските законодавци го критикуваат Виткоф. Конгресменот Дон Бејкон на платформата „Икс“ напиша дека Виткоф „целосно застанал на страната на Русија“ и дека не може да се смета за доверлив преговарач.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го брани Виткоф по скандалот со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го бранеше…
Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи…
Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи…
АПАСИЕВ ЗАКАЖА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ…
Претседателот на собраниската Постојана анкетна комисија за…
Почина истакнатата правничка и судијка Ленче Софрониевска
На 77-годишна возраст почина Ленче Софрониевска, истакнат…
Власта ги излажа и пензионерите: Линеарното зголемување…
Уставен суд веќе донел одлука за укинување…