Ќе поскапи ли струјата за 5 проценти од јануари?! ЕСМ понуди 65 евра за мегават час, до сега беше 62 евра
Дали граѓаните од јануари ќе плаќаат за речиси 5% поскапа струја. ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ понудиле цена од 65 евра за мегават час за покривање на 100% од вкупно планираните количини на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи за цела 2026 година.
Инаку новата цена на струјата најмногу зависи од цената што ја нудат државните електрани, на тендерот, на Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“.
Претходно ЕСМ струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ја продаваа по 62 евра за мегават Од ЕВН Хоме соопштија дека добиле само една понуда со цена која е 4,84% повисока од таа од претходниот тендер.
До крајот на месецов и Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за нова цена за пренос и дистрибуција. Но, тука најверојатно нема да има промени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…