СДСМ: За хаосот со пензиите единствена вина има владата

t

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, се невадува во соопштението од СДСМ.

Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите?

Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра.

Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во меѓувреме има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен.

Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу.

Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите.

Ова е реалноста а се друго е спин од страна на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: За хаосот со пензиите единствена вина…

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

Денеска нова цена на парното

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја…

Кочани утре повторно на улица: „Маршот на…

Родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“…

Мицкоски не знае дали ќе поскапи цената…

Граѓаните би можеле да се соочат со…

Трамп: Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична…