Украинските антикорупциски служби вршат претреси во домот на шефот на кабинет нa Зеленски
Украинските служби за борба против корупцијата од утрово спроведуваат истражни дејствија во канцелариите и домот на Андриј Јермак, влијателниот шеф на кабинет на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, јавуваат светските агенции.
Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против коурпцијата (САПО) во заедничка изјава, соопштија дека нивни екипи вршат „овластени“ претреси поврзани со истрага. Во соопштение на двете служби не е конкретно наведено за каква истрага станува збор, ниту се споменува шефот на кабинет на украинскиот претседател, но се наведува дека се вршат претреси во врвот на кабинетот на претседателот на Украина.
„НАБУ и САПО спроведуваат истражни дејствија (претреси) во врвот на кабинетот на претседателот на Украина. Истражните дејствија се овластени и се спроведуваат во рамките на истрага“,се вели во соопштението на двете служби, пренесе „Гардијан“.
Во врска со акцијата се огласи самиот Андриј Јермак, кој во објава на социјалните мрежи потврди дека се вршат претреси во неговиот дом.
„Денеска, НАБУ и САПО навистина спроведуваат процедурални дејствија во мојот дом. Истражителите немаат никакви пречки. Даден им е целосен пристап до станот, моите адвокати се на лице место и комуницираат со полицајците. Соработувам со истражителите“,напиша тој на платформата Икс.
Во меѓувреме, украинскиот весник „Правда“ објавија снимки од десетина припадници на НАБУ и САПО како влегуваат во владините простории, каде се наоѓаат канцелариите на Јермак.
Дописникот на „Фајненшл тајмс“ од Киев, Кристофер Милер, повикувајќи се на свои извори објави дека претресите во домот на шефот на кабинет на Зеленски се поврзани со случајот „Мидас – голема корупциска афера поврзана со украинскиот енергетски сектор.
Директорот на НАБУ, Семен Кривонос, пред три дена, односно на 25 ноември изјави дека верува оти во истрагата за скандалот со корупција во енергетскиот сектор ќе бидат опфатени нови осомничени.
Новинаската агенција Ројтерс, претходно овој месец, објави дека двете служби водат сопфатна истрага за организирана шема на корупција во главната компанија за атомска енергија во Украина, каде било земано мито од 100 милиони долари, а во која е вмешна и поранешен деловен партнер на претседателот Зеленски.
Иако Јермак официјално не е именуван како осомничен во истрагата, опозициските пратеници, како и некои членови на партијата на Зеленски побараа негово разрешување, во рамките на најтешката политичка криза во Украина која доаѓа додека земјата е во војна.
Претходно оваа година, Украина беше зафатена од политичка криза поради контроверзните планови на Зеленски за реформирање на службите за борба против корупцијата. Плановите не се реализираа по силните критики од Европската Унија и другите западни партнери на Украина. Е
Европската Унија инсистира дека борбата против корупцијата останува една од клучните задачи на Украина на нејзиниот пат за приклучување на Унијата.
Претресите во канцелариите и домот на Јермак доаѓаат во тежок момент за Украина, која се соочува со голем притисок од САД да се согласи на мировен договор со Русија, а секоја перцепција за неодговорно работење на врвот на владата би можело дополнително да ја поткопа позицијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукашенко: Американскиот мировен план за Украина е…
Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп…
Од 1 јануари струјата поскапува за околу…
Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи…
Силна бура и дожд во Грција: улиците…
Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни…
Украинските антикорупциски служби вршат претреси во домот…
Украинските служби за борба против корупцијата од…
Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…