Од 1 јануари струјата поскапува за околу 5 проценти
Од 1 јануари, цената на електричната енергија за домаќинствата ќе биде повисока за околу 5 проценти, откако Регулаторната комисија за енергетика ги усвои новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор.
Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните.
Ова поскапување, велат е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоките цени на енергенсите и одржување на стабилноста на системот. Дел од потребната електрична енергија и натаму ќе се обезбедува од домашни капацитети, со цел да се намали зависноста од увоз.
Одлуката за новата цена ја донесе Регулаторна комисија за енергетика, која нагласи дека корекцијата е умерена и има за цел да обезбеди сигурно снабдување во наредниот период.
Владата најави дека ќе продолжат мерките за заштита на најранливите категории граѓани, преку субвенции и социјални тарифи, за да се ублажи ударот врз семејните буџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…