Со шприц сакал на сопругата насилно да ѝ вбризга пестицид ѝ нанесувал посекотини по вратот додека малолетните деца го гледале тоа – струмичанецот ќе одговара за обид за убиство
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.
Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.
Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Од тие причини, според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со шприц сакал на сопругата насилно да…
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за…
Поведена постапка против 5 лица за злоупотреби…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Братот на претседателката на Кривичен останува во…
Кривичниот совет на Кочанскиот суд ги одбил…
Постапка против 11 лица за коруптивни кривични…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…
Изгоре иднината на невини, прекрасни, млади луѓе:…
Во судницата во Идризово денеска се одржа…