Маж од струмичко пукал со воздушна пушка кон малолетник и го повредил во ногата

t

Вчера во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско.

Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.

На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…