Власта го одби амандманот за квалитетен, топол, субвенциониран оброк за учениците во основните училишта
Пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, поднесе амандман со кој се бара издвојување пет милиони евра во буџетот за 2026 година, со цел да се започне пилот-проект во, за почеток, најмалку 20 основни училишта. Со овие средства би се изградиле училишни кујни и кантини каде би се подготвувало и служело топол, бесплатен и нутриционистички избалансиран оброк за секое дете. Оваа мерка е замислена во координација со Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и локалните самоуправи.
Левица постојано алармира дека ваквите услуги не смеат да бидат препуштени на приватниот сектор, каде профитот секогаш стои пред здравјето на децата.
Податоците се застрашувачки: 30% од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, а 32% живеат под националниот праг на сиромаштија. Тоа значи дека илјадници деца се оставени без пристап до здрав, топол и нутриционистички избалансиран оброк, што директно влијае врз нивниот раст, развој и успех во училиштето. Токму затоа Левица предложи пилот-програма во најмалку 20 основни училишта за да се воспостави модел што е државно организиран, строго контролиран и насочен кон заштита на најмладите.
Овие програми одамна функционираат во земји како Финска, Словенија и Хрватска, каде резултатите се исклучително позитивни.
Иако Левица смета дека Македонија итно мора да го запре трендот на лоша исхрана кај најмладите – власта предводена од ДПМНЕ ноншалантно го одби и овој амандман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски ученици го освоија првото место на…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Малолетник нападнат со метален предмет од тројца…
Во СВР Тетово синоќа бил пријавен случај…
Ученици фрлале со камења кон слоницата во…
Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка…
Средношколци нападнале соученик во Тетово со тврди…
На 03.04.2026 во 20:45 часот, М.Ј. (48)…
Тепачка меѓу соученици во виничко средно училиште
15-годишно дете било нападнато од соученици, информираат…