Наместо бука однеле тополи за огрев: Загрижени родители од Радовиш реагираат, братучед на директорот на Национални шуми добил тендери за огревно дрво

t

Копманијата „Ивели Дооел Радовиш“ ги добила тендерите за снабдување со огревно дрво во училиштата во Радовиш, дознава Инфомакс.

Компанијата е сопственост на Митко Ристов, чија сопруга Сашка Стојменова е раководител на правен сектор во ЈП Национални шуми. Ристов исто така е и братучед на директорот на Национални шуми, Здравко Трајанов.

Гледачи на Инфомакс од Радовиш до нашата редакција испратија фотографии со кои тврдат дека наместо да испорачаат бука, до училиштата била доставена топола исечена покрај река.


Загрижени родители од селата Калузлија, Аликоч, Ињево, Сулдурци и Покрајчево општина Радовиш каде има однесено топола место бука бараат МВР веднаш да реагира и велат дека поседуваат фотографии и видеа кои ќе бидат објавени.

На веб-страницата за јавни набавки може да се види дека оваа команија и претходно добивала тендери од ЈП Национални шуми.

Доколку компанијата не го испочитувала договорот и доставила топола наместо бука, училиштето треба да го раскине договорот и да поднесе соодветни пријави.

Државната комисија за спречување на корупција и ОЈО можат да истражат дали претходно споменатите тендери се доделени по роднинска линија, односно братучед на братучед, наместо да се избере најповолната понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо бука однеле тополи за огрев: Загрижени…

Копманијата „Ивели Дооел Радовиш“ ги добила тендерите…

(Фото) За влакно избегната трагедија: Дрво падна…

Вистинска драма се одвивала утрово во скопската…

Тешко повреден велосипедист во Радовиш, бил удрен…

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш…

Дете старо една и пол година завршило…

Вчера, во 18:22 часот во Полициската станица…

Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на…