СДСМ најавува серијал прес-конференции: Крадењето мора да престане, веднаш!
Од СДСМ денеска најавуваат дека во 11 часот ќе започнат со серијал од прес конференции за наводните криминали на владата на Христијан Мицкоски.
„Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат!
Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. Со примери. За сите криминалци во власта.
Затоа што ова што се случува во Македонија е организиран грабеж, модел на државно ограбување, кој навлегол во секоја пора на системот за испумпување на парите на граѓаните.
Додека Владата тврди дека „нема пари“ за повисоки плати за работниците, нема пари за поголеми пензии, за исплата на породилно, поврат на ДДВ, преки криминални шеми и тендери ДПМНЕ испумпува милиони евра народни пари.
Моделот е едноставен, проѕирен и бесрамно повторуван: Едни исти фирми, основани преку ноќ, со двајца или тројца вработени, добиваат милионски државни тендери.
Истите фирми добиваат договори во владини институции и во општини каде што владее ДПМНЕ. На крај парите завршуваат во белата палата и во џебовите на врхушката на власт.
Корупцијата и криминалот ја јадат државата одвнатре. Институциите се разградуваат. Младите се иселуваат.
Затоа СДСМ упатува јасен, гласен и силен повик: Време е сите да се спротивставиме!
Упатyваме повик до сите граѓани да не молчат, да бидат гласни и активно да се спротивставиме на овој грабеж.
Невладините организации да го кренат гласот. Експертите, новинарите, академската заедница, сите да се вклучат во заедничката борба против ова зло кое ја гуши Македонија.
А инситуциите да делуваат, дека одговорност ќе има, кога тогаш! За сите!
Ова е надпартиска борба за државата, за системот, за иднината на секое семејство“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела: Казнети 1.576 возачи за…
Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на…
После 33 часа работа на терен на…
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…
Дубровник им нуди на младите 45.000 евра…
Хрватскиот град Дубровник денеска објави јавен повик…
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…