Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови за Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ
„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но ние инсистираме на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија“, изјавил премиерот на нашиот источен сосед, Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, како одговор на прашањето дали Бугарија би направила гест со повлекување на барањето и условот Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Македонија.
– Не мислам дека воопшто постои таков разговор, истакнал бугарскиот премиер и додал:
-Ние немаме никакви билатерални нерешени односи со нив, имаме договор за Добрососедство и потпишан протокол кон него, а фактот дека протоколот е оспорен пред Уставниот суд на РСМ е дел од домашната политичка кореографија што се изведува во Скопје, вклучително и пред очите на Европскиот совет, кажал Жељазков.
-Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет – да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година. Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопјe, укажал бугарскиот премиер.
На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на Бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание.
-На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет, потенцирал Жељазков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…