Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

t

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Пожарникарите веднаш се упатиле кон местото на настанот.

Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители. Лешот бил извлечен од реката и предаден на надлежните служби.

Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник повреден при извршување работни задачи во…

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Европската автомобилска индустрија е во длабока криза…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со…