ССКЦ е против предложениот модел на Министерството за здравство за реорганизација и прераспределба на кадарот
Од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи реагира на најавената внатрешна реорганизација, со која Министерството за здравство предвидува ребалансирање на кадарот согласно реалните потреби, што вклучува можност за прераспределба на медицински персонал – меѓу другото и од кампусот „Мајка Тереза“ кон други градови.
Од ССКЦ велат дека не се согласуваат со предложениот модел на реорганизација и прераспределба на кадарот затоа што може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем, особено во нај оптоварениот здравствен кампус „Мајка Тереза“.
– Земајќи во предвид дека во програмата на Владата планирано е да ја реформира здравствената мрежа во Македонија и да ги обедини клинички центар и регионалните болници, модернизација на инфраструктурата, спојување на различни здравствени установи и создавање поефикасна и
достапна здравствена мрежа, сметаме дека секое кадровско распоредување и реорганизација мора да се темели врз реални потреби, систематизации и долгорочна национална стратегија за развој на здравствениот систем, но од кога ќе се направи интеграција на клиниките од кампусот „Мајка Тереза“ па согласно потребите и систематизираните места да се направат кадровско распоредување и реорганизација, стои во соопштението на ССКЦ.
Оттаму потенцираат и дека потребата од заштита на јавниот здравствен систем. Не смее да се дозволи приватното здравство да го „откупува“ професионалниот здравствен кадар, со што се ослабува јавниот сектор, во кој државата значајно вложува преку образование и обука на кадарот.
-Превземањето на стручни лица од страна на приватните болници ја загрозува
стабилноста и квалитетот на јавното здравство и создава непотребна криза во системот кој е од корист за сите граѓани. ССКЦ се залага за ефикасни мерки кои ќе спречат вакви злоупотреби, заштита на јавниот кадар и одржување на високите стандарди на здравствените услуги во јавните установи, додаваат од синдикатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССКЦ е против предложениот модел на Министерството…
Од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските…
Вучиќ: На Американците не им е гајле…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека…
Гувернерот Славески во работна посета на Банката…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари…
Македонски државјанин загина во тешка сообраќајна несреќа…
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици и…
Украина одби да му го предаде Донбас…
Украинските претставници на преговорите со САД во…