Газдата на „Дурмо Турс“ повторно го одложи одењето во затвор, повторно ќе оперира тестиси
Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци, и денеска не се појави во затворот Идризово за да ја започне казната. Наместо тоа, тој бил хоспитализиран во Клиничката болница Тетово, каде денеска имал закажана операција на тестиси.
Белули поднел барање за одлагање, при што во образложението било наведено дека е примени во болница на 28 ноември поради здравствени проблеми.
Нов термин за започнување на казната е 17 декември.
Ова е трето по ред одложување на Белули поради здравствени причини.
Во меѓувреме, второобвинетиот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк на „Дурмо Турс“, е во бегство. Тој исто така побара одлагање на казната поради операција на кила, но потоа не се појави во Идризово, по што беше распишана потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Дурмо Турс“ повторно го одложи…
Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден…
ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да…
Претседателот на САД постојано го опишува својот…
Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе,…
На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници…
Пензионерите од пред Уставниот суд порачаа, доста…
Пензионери од целата држава кои се за…
Левица: ДПМНЕ со тенденција инфлацијата да ја…
Во услови кога државата се соочува со…