Гостивар остана без вода, машини на „Бехтел и Енка“ го оштетиле главниот цевковод
Градежна механизација на компанијата „Бехтел и Енка“ додека вршела ископи го оштетила главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, поради што градот и околните населби остана без вода за пиење.
Од јавното претпријатие „Комуналец“ соопштија дека се работи за голем дефект, во кој оштетни се две главни доводни цевки близу селото Здуње и засега не знаат кога ќе биде саниран дефектот. Првично, станува збор за оштетување на едната главна цевка со дијаметар 500 мм и уште една помошна со 200 мм кои носат вода од изворот на Вардар до корисниците.
„Како резултат на оштетување на главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, предизвикано од ископи од страна на механизацијата на Бехтел&ЕНКА, изведувачот на автопатот Коридор 8, без претходно известување, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на целата територија на градот Гостивар“ се вели во соопштувањето.
Посочуваат дека нивните технички екипи се на терен и работат на што побрза санација на оштетувањето.
„Водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по завршувањето на поправките. Се извинуваме за непријатностите и ви благодариме за разбирањето“ порачаа од „Комуналец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи) Седум години се криело дека водата…
Водата во Гостивар не била за пиење…
Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар се…
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информира…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…
Анализата на водата за пиење во Гостивар…
Анализата на водата за пиење во Гостивар…
Велосипедист завршил со тешки повреди по судир…
Велосипедист е тешко повреден откако се судрил…