Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат, ниту откажан.
„Во процесот на исплата кај некои од спецификациите се појави технички проблем, кој бара нивна целосна преработка. Имено, доколку постои дури и само еден налог, каде што се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници што се во ист налог како и корисникот што извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок“.
Од Управата појаснуваат дека исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за преостанатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка.
Апелираат до граѓаните: доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот.
„Со тоа ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата на сите корисници. Граѓаните може да бидат спокојни – средствата што им следуваат од ‘Мој ДДВ’ ќе бидат исплатени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…
УЈП со рекордна наплата на даноци и…
Во првите шест месеци од 2026 година…
УЈП ја почнува третата фаза од проектот…
Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…
Владата денеска на вонредна седница до 1…