Газдата на „Пулс“: Не би дозволил никакви пропусти кај што оделе и моите деца
Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС истакнаа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, главната расправа продолжи со воведни зборови на одбраната.
„До ден денес се чудам и се уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида, секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Не можам да поверувам што се случи. Јас како родител, дали би бил способен да фали нешто кај што се собирале сите деца, а и моите деца.“ низ солзи изјави газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.
„Доколку би знаел дека фали нешто дали сериозно мислите дека не би презел се за да се отклони навреме. Во тој клуб имаат пораснато десетина генерации, сите знаат како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот.
Од срце и од душа сакам да изразам сочувство на сите фамилии што имаат починати лица, а на повредените опоравување, знам каква болка и тага е, затоа што и во нашата фамилија имаме починат член и повреден член и ја носиме истата болка како и вие што ја носите.
Уште едно не ми е јасно, зошто Михаил е обвинет, тој немаше никакви обврски и активности, ниту допирни точки со работата на клубот, тој си имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше работните обврски со неговата фирма и беше нормален гостин како сите.“ – додаде во своето обраќање Јованов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„На сите рацете ни се крвави зашто…
Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев,…
Газдата на „Пулс“: Не би дозволил никакви…
Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС…
„ДЕЈАН ЈОВАНОВ НЕ Е МОНСТРУМ, ТУКУ ЧОВЕК…
Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС…
НИКОЈ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА…
Со произнесување за вина и воведни зборови…
Дејан Јованов – Деко и неговиот син…
Со произнесување за вина и воведни зборови…