Одбраната на Милка Ердовска тврди дека таа била ангажирана само за паркингот пред „Пулс“ – „Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“

t

Почитуван суде, изразувам длабоко и искрено сочувство на семејствата на жртвите и посакувам да најдат сила да продолжат понатаму низ животот. На повредените им посакувам брзо заздравување.

Во воведниот говор ќе се осврнам пократко во духот на ЗКП во однос на доказите кои одбраната ги предлага и во однос на решителните факти кои треба и ќе произлезат од тие докази. – го започна своето обраќање бранителот на Милка Ердовска и „Венци Проект“

Во таа смисла, останувам на предлогот да се изведат доказите кои од страна на обвинетата Милка Едровска се предложени во листата на докази која беше приложена во приговорот на обвинителниот акт КООА бр. 155/2025 и кон доказот „елаборат за противпожарна заштита“ изработен од фирмата Дикос од Кочани кој го доставивме на првото рочиште.

Претходно ќе изјавам дека уште во текот на истражната постапка врз основа на изјавите на органите на прогон, како и врз основа на сега поднесениот обвинителен акт во делот на обвинението за Милка Едровска, во јавноста се создаде впечаток дека истата е проектант, односно креатор или творец на кобната дискотека. Тоа не е така и тоа ќе произлезе од доказите кои ние ги предлагаме, но и од доказите кои ги предлага тужителот, кои се во меѓусебна корелација, посебно во делот на градежните вештачења кои се изготвени и предложени како доказ и од страна на ЈО и градежното вештачење предложено од одбраната.

Од тие докази, ќе произлезе дека осомничената не е архитект, која уредува внатрешни површини во некој објект, туку е со струка дипломиран градежен инженер, која и во 2012 и во 2023 година ги имала сите потребни овластувања издадени од градежната комора на РМ за изработка на проектна документација од градежништвото, заштита при работа и противпожарна заштита.

При изработка на наведениот „основен“ проект, постапувала во рамките на своите овластувања и при изготввуањето на фази од тој основен проект извршувала професионална и работна задача како вработен проектант во фирмата Венци Проект ДООЕЛ Кочани.

Од предложените докази ќе се увтрди дека предметниот деловен објект спаѓа во втора категорија на градби, согласно Закон за градење, кои се од локално значење и се во надлежност на Општината, во случајот бил во надлежност на Општина Кочани.

Објектот како деловно-магацински простор е изграден во периодот од 1999 година заклучно со 2001 година, врз основа на главен проект со технички број 3/99 од проектантската фирма Пик Зорвес Кочани според кој проект биле дадени сите потребни одобренија и согласности и објектот имал употребна дозвола за работа како деловно-производен и продажен објект од лесна индустрија.

Сметано од изградбата на објектот, се до случување на предметниот настан, не е извршена пренамена или реконструкција со пренамена на објектот, од деловно-магацински простор во објект кој ќе врши угостителска дејност во случајов кабаре, а фактички според површината и бројот на маси и гости, вршел дејност како дискотека.

За првпат обвинетата е работно ангажирана, односно е побарано од првообвинетиот, како инвеститор, преку нејзината проектантска фирма, да изготви сообраќајно решение за паркинг-места пред објектот.

Тоа е стриктен предмет на договорот помеѓу нив, односно барање на инвеститорот.

При увид на лице место, со цел да се изготви побараниот елаборат, или во случајот фаза од проект, обвинетата Милка констатирала дека фактички на лице место деловно-магацинскиот објект, е преуреден или адаптиран во дискотека. Тоа ќе произлезе и од самиот основен проект каде во делот на опис и намена на објектот самата обвинета констатира дека објектот е деловно-магацински, со катност приземје и кат, а просторот кој е адаптиран за угостителски локал се наоѓа на катот од објектот, од што неспорно ќе се утврди дека истата не ја проектирала дискотеката и не е нејзин творец, туку тоа е лицет Виктор Апостолов, архитект од Кочани, според чии скици и цртежи првообвинетиот го уредил просторот во дискотеката од сите аспекти.

Зачудува фактот, што иако овој факт му бил познат на ЈО, дека има фактички проектант на дискотеката, а тоа не е обвинетата Милка, зошто ова лице не се јавува во никакво својство во оваа постапка како учесник, или макар сведок, но ние од наша страна го предлагаме да биде сослушан како сведок.

Покрај фазата сообраќајно решение, бидејќи обвинетата констатирала и всушност нејзиниот проект за сообраќајно решение е елаборат за констатација на веќе постоечка состојба, а не проект кој треба како скица, нацрт, план или идеја да се реализира во иднина, во самиот проект и покрај тоа што не ѝ било побарано од инвеститторот, додала и фаза елаборат за заштита при работа и елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, во која навела што таа фактички адапритана просторија треба да содржи од тој аспект.

Согласно Законот за градење, проектантот е должен да изготви и фаза од проект и само една фаза од проект ако тоа од него се бара, додека другите фази од еден објект во смисла на статика, машинство, електрика, водовод и канализација и архитектура, може да се доверат на други стручни лица кои имаат компетенции за изработка на такви фази од проект, односно фаза електрика на електроинженер, фаза водовод на хидроинженер и сл.

Еден проект може да произведе дејство и да има важност само ако во него се содржани сите фази, ако истиот е ревидиран од страна на овластен ревидент, согласно Законот за градње, ако е поднесен до Општина Кочани и ако од страна на истото е дадено одобрениее за градњње, реконструкција, пренамена или адаптација. Обврската за обезбедување на комплетен основен проект е на инвеститорот чија обврска е истиот да го поднесе на ревизија до овластен ревидент, што во случајов не е сторено од страна на инвеститорот.

Доколку изработеното сообраќајно решение било поднесено до овластен ревидент, бидејќи секоја и само една фаза е подложна наревизија, односно ревизијата е задолжителна според Законот и доколку изработената фаза од обвинетата Милка имала недостатоци од аспект на законски прописи и стандарди и не била во согласност со ДУП на Град Кочани, во тој случај ревизорот немало да го завери тој елаборат или фаза од проект и ќе го врател на доработка на проектантот.

Во ситуација кога инвеститорот не ги обезбедил и другите фази од прокектот за дискотека, не ги поднел на ревизија и не добил одобрение за реконструкција или пренамена, одговорноста исклучиво паѓа на инвеститорот, а не на проектантот и се смета дека доколку вршел деловна дејност во тој објект, истата ја вршел нелегално или бесправно. Бидејќи овој проект не ја поминал законски пропишаната процедура и контрола и ревизија од овластени лица, истиот нема никаква правна важност и е без никаква употребна вредност.

Врз основа на ваков проект, фаза од проект, ниту една државна институција во случајов СВР Штип или Министерство за економија, не смеело на барателот да му даде билокаква согласност или лиценца, односно неговото барање морал и бил должен да го одбие.

Истото се однесува и за сообраќајното решение изготвено од обвинетата во 2023 година, кое не е како што тврди тужителот дека обвинетата само ја сменила првата страна со нов деловоден број, нов датум и нов правен субјект, туку се работи за сосеман нов елаборат, бидејќи се однесува за друго правно лице, има друг деловоден број и датум на изработка, а тоа што фактичката состојба во него е иста е од причина што фактичката состојба не била променета.

Поради тоа, а ќе произлезе од доказите, обвинението во делот на обвинетата Милка Едровска е противречно самото на себе, бидејќи се обвинува дека изготвила основен проект без да ги содржи сите фази, како и дека изготвила сообраќајно решение за паркинг места пред дискотеката, спротивно на Правилник за урбанистичко планитање и дека наводно со тоа му овозможила на првообвинетиот да ја врши усогтителската дејност и да добива лиценци незаконито.

Истата била ангажирана само за фаза од проект, сообраќајно решение, не за изработка на комплетен основен проект, дури и да бил изготвен во ситуација која не е поднесен на ревизија, инвеститорот не поднел до Општина Кочани барање на преманема и реконструкција и согласност која и немало за му биде дадена, бидејќи тоа е спротивно на ДУП за Град Кочани, на таа локација не е превдиден објект за угостителска дејност, призлегува дека изготвениот проект, всушност фаза од проект на инвеститорот можел да му служи само за домашна употреба, а никако за употреба пред надлежни институции, бдиејќи се рбаоти за проект кој не помнал законски фази и процедури чија одговорност е на инвестиротот и е неподобен да предизвика било какво дејство, а неподобниот предмет или средство не може да предизвика подобна правна последица.

Изработка на сообраќајно решение спротивно на ДУП е администгративно прашање, не е во кривично правната сфера.

Во однос на правната квалификација, за да постои предметното кривично дело треба да постои опасно дејствие на обвинетата Милка, која го презела, а е во причинско-последична врска со настанатиот пожар и трагичната тешка последица.

Изготвување на документ сообраќајно решение кој немал никаква употребна вредност, не може ни теоретски ни практично да се доведе во корелација со пожарот кој всушност настанал во и на дискотеката, а не на паркинг-просторот пред дискотеката.

Согласностите кои СВР Штип ги дала на првообвинетиот, а во чија постапка се споменува дека бил приложен и овој проект од обвинетата, кој нема важност, не е причина за издавање на тие согласности бидејќи истите се однесуваат за заштита на јавниот ред и мир во дискотеката и за безбедноста на сообраќајот пред дискотеката кои никако не може да се доведат во корелација со пожарот и настаната тешка последица.

Проект, дури и да бил одобрен и врз основа на истиот да била издадена согласност, не е ниту услов за лиценца за вршење на дејност, како се тврди во обвинението, бидејќи Законот за угостителска дејност предвидува други услови и никаде не се споменува таков проект, а имајќи предвид дека и пред СВР Штип и пред Министерство за економија нужно морало да бидат и биле приложени докази и тоа имотен лист и ДУП на Град Кочани, од кои во моментот на издавање на согласности и лиценцата органот кој ги издал можел со сигурност да утврди дека се работи за деловно-магацински објект од лесна индустрија, а не за угостителски објект и дека на таа локација според ДУП е забрането вршење на дејност од угостителски објект, таквите согласности и лиценци не смееле да бидат издадени и причина за тоа не е дејствието изготвување на проект и фаза од проект кое ѝ се става на товар на обвинетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на Милка Ердовска тврди дека таа…

Почитуван суде, изразувам длабоко и искрено сочувство…

„Не знаел дека ќе биде дискотека“ –…

Сметаме дека во обвинението не се разјаснети…

Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни…

Правната нелогичност на обвинителниот акт е неспорна,…

„На сите рацете ни се крвави зашто…

Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев,…

Газдата на „Пулс“: Не би дозволил никакви…

Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС…