Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал право да легитимира гости – „Тој само продавал карти, не го контролирал бројот на присутни“
Најпрво и јас сакам да изразам најдлабоко сочувство до фамилиите на починатите, а секако и закрепнување на повредените. Сметам дека ОЈО, не навлегувајќи во нивните воведни зборови, отвори многу прашања во однос на одговорноста на институциите, а сметам дека тоа го поврзува во еден долг временски период и во тој временски период ги става и дејствијата на обвинетите, што е невозможно, изјави бранителот на Тодор Јованов, Александар Новаковски
Во однос на обвинетиот Тодор Јованов, ние ќе докажеме дека истиот нема својство на одговорно лице, како што наведува ОЈО, бидејќи доставивме докази дека тој нема никакво својство, во правното лице, исто така, предложивме и сведоци кои ќе ги дадат своите искази пред овој ценет судски совет.
Сметам дека на страна девет од диспозитивот на обвинителниот акт, дали се работи за техничка грешка, се става во контекст обвинетиот со сопственикот на објектот дека имале особен придонес бидејќи не постапиле според прописите и техничките правила. Не можам ова да го разберам и во овој дел не можам ни воведен збор да дадам за ова, бидејќи не гледам каква е поврзаноста на Тодор Јованов.
Во однос на делот во кој Тодор Јованов се споменува е тоа дека во пеирод од 2012 до 2025 година дејствувал како одговорно лице, ние ќе докажеме дека обвинетиот Тодор Јованов, точно е дека продавал карти, но тој нема никаква надлежност да врши проверка на влезот и излезот во објектот, а посебно не знам од каде ОЈО смета дека е надлежен и да легитимира. Имаме предложено и УСБ со слики кои судот ќе има прилика да ги види и тоа дали е возможно тој што продава карти да врши легитимација и да го контролира бројот на присутни.
Сите ние, овде присутни, сме имале прилика да бидеме во дискотеки и знаеме дека едно лице може да купи десет карти, а потоа истите треба друг да ги контролира дали се малолетни лица и во однос на тоа кој е капацитетот на објектот.
Ќе докажеме дека нема никаква улога во однос на бројот на присутни, а членовите кои ги наведува ОЈО дека се повредени од Законот за туризам, сметам дека не може никако да бидат поврзани со обвинетиот Тодор Јованов, да му се ставаат на товар, а со цел да се исполни законското одбележје на кривичното дело, а тоа е целта на обвинителството. Многу нејанси формулации и дејствија и сето тоа за жал ќе мора ние да го докажуваме и сум уверен дека судскиот совет ќе има трпение за сите.
Сите ние кои профеисонално ја вршиме оваа професија, имаме мислење за правната квалификација, а мислењето за тоа дали може да се докаже со право е поделена.
Општиот карактер на ова кривичн дело е предизвикување на општа опасност, но последицата е настапување на конкретна опасност. Ова дело може да се изврши со општа опасна дејснот и општо опасно средство. Конкретната опасност е обележје на битието на ова кривично дело и таа мора да се докаже, а тоа треба да го направи ОЈО. Овде не се прави разлика помеѓу причината, појавата која предизвикува непосредно појавување на опасни околности и состојбата факторите кои не можат самостојно да ја предизвикаат последицата, но создаваат прилика за нив.
Овие две компоненти формираат дело кое има карактеристики на пример на незаконсоко работење, но од доказите кои се приложени за Тодор Јованов, не може оваа компонента да се докаже.
Продавањето карти од страна на обвинетиот за влез во дискотеката, не претставува дејствие од кое произлегува стварна опасност за настанување на последицата. Таа опасност се појавува во дејствие преземено внатре во објектот, како што и ОЈО наведува во диспозитивот.
Причината за настанување на пожар делува како неопходен услов за настанување околност опасност за лицата кои биле во објектот. Ние ќе докажеме дека во преземеното дејствие на обвинетиот, продавањето карти, нема обележје на кривичното дело кое се става на товар бидејќи и без тоа последицата би настанала.
Дејствијата на обвинетиот никако не можат да бидат причина за настанување на последицата.
Ќе докажеме дека времето на извршување на кривичното дело кое го става ОЈО на товар не е точно одредена, а тоа е клучен елемент за едно вакво обвинение, а посебно што кај темпоралните деликти, односно кривични дела кај кои помеѓу преземањето дејствие и настанување на последицата треба точно да се знае временскиот период,
Смислата на последицата е да обвинетиот одговара за тие промени во надворешниот свет кои се негово дело, а не може да одговара за последици кои случајно се надоврзуваат на неговото работење. Прашањето е под кои услови последицата објективно ќе се препише на обвинетиот како негово дело. Ќе докажеме дека такво препишување на последицата е невозможно, па со тоа произлегува дека обвинетиот со ништо не го сторил кривичното дело.
Свесни сме дека овие деликти имаат се повеќе значење во правната теорија и наука бидејќи самите современи општества создаваат се поголеми услови за нивно настанување.
Обвинетиот не можел да биде свесен за последицата, ниту пак можел од позицијата која ја имал да ја претпостави. Исто така ќе докажеме дека обвинетиот кога бил известен за пожарот директно учествувал во спасување на младите лица, а во објектот била и неговата ќерка, која исто така има трајни последици.
Сметам дека ОЈО од овие докази кои ги има не може да го докаже делото за Тодор Јованов, посебно не со оваа квалификација со која настапи пред овој судски совет.
Сакам овој судски совет да биде запознаен со слективното постапување на обвинителството за давање мсилење за продолжување на притворот, како што гледате обвинетиот е се уште во притвор под образожение дека може да делува на соучесниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал…
Најпрво и јас сакам да изразам најдлабоко…
Одбраната на Милка Ердовска тврди дека таа…
Почитуван суде, изразувам длабоко и искрено сочувство…
„Не знаел дека ќе биде дискотека“ –…
Сметаме дека во обвинението не се разјаснети…
Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни…
Правната нелогичност на обвинителниот акт е неспорна,…
„На сите рацете ни се крвави зашто…
Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев,…