Власта тврди дека исплатата на пензии ќе се одвива редовно и без промени

t

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.

Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем остануваат врвен приоритет на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта тврди дека исплатата на пензии ќе…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Трошоците за едно дете растат секоја година…

Да се расте дете во Македонија ги…

ССМ: Сè поскапо, платата во место: Владата…

Додека само во изминатата година трошоците за…

Тошковски за гласините за негова смена: Почнав…

Почнав премногу темелни проекти во изминатата година…

Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…