Митровски со анализа на Сејф Сити: Извинете ама за 51 километар на час не треба да се казнува
SAFE CITY
Започна примената на Safe city, има многу реакции, дел се позитивни, дел негативни па да прокоментираме:
-Нема нормален човек кој не сака безбеден сообраќај. Но тоа не зависи ИСКЛУЧИВО од возачите.
-Пред 7-8 години општата брзина во град Скопје се намали од 60 на 50 километри на час поради бројните сообраќајни незгоди со смртни последиоци, без да се направи посебна анализа дали тоа ќе ги амали овие незгоди. И не ги намали, но на МВР му го прошири основот за казнвање. Сметам дека брзината на булевари( Илинденска, Партизанска, Иво Лола, Александар Македонски итн) треба да биде 60 километри на час. Правете дистинкција меѓу дозволена и безбедна брзина, а на овие булевари 60 километри на час е безбедна брзина.
– Сите провладини медиуми и ботови цел ден прават споредби со Виена, германски градови, Скандинавија, Лондон итн и се тоа стои. Знаете што друго стои? Сите овие градови имаат ОДЛИЧЕН јавен превоз. Летово бев во Аликанте, град со 350.000,00 луѓе каде со трамвај си секаде во градот за 15тина минути. За час и половина со воз си во Валенсија. Во Скопје јавниот превоз НЕ Е алтернатива на сопственото возило.
-Преригиден систем на казнување. Извинете ама за 51 километар на час не треба да се казнува. По мое маржа од 15-20% над дозоленото треба да биде прифатлива.
-Преминување на жолто. Законот за безбедност во сообраќајот вели дека не смеете да поминувате на жолто, сем ако во моментот на навлегување на крстосница се пали жолто па Вашето сопирање би предизвикало поголем безбедносен проблем. Во пракса ова ќе биде очекуван проблем.
-Во правната поука на Записниците Вие немате право да се жалите, со што е доведена во прашање Уставноста. Па вели “Доколку сторителот не прифаќа одговорност за сторениот прекршок, доброволно не ја плати глобата изречена во прекршочниот платен налог или во рок од осум дена од денот на приемот на ЗССПППН не го достави до надлежниот суд, ЗССПППН има сила на извршна исправа и МВР ќе го достави до органот надлежен за присилна наплата, за негово извршување.”
Ова е најпроблематично бидејки не се запазени Уставни гаранции за пристап до суд(посебна судска власт) , право на жалба итн и на МВР му даваат улога на парасудска власт, со што на мала врата извршната власт чини упад во судската. МВР ќе биде кадија те тужи кадија те суди, нешто што веќе за жал постои при Комисиите на МВР за одредени прекршоци.
-Што доколку друга личност го управува моето возило? Јас и да можам со пасош да докажам дека не сум бил тука во моментот на прекршокот, МВР тоа не го прифаќа.
“Доколку сопственикот на возилото во време на сторување на прекршокот не го управувал возилото, а знае кој го управувал, должен е во рок од осум дена од денот на приемот на ЗССПППН:
-лично да дојде во надлежната организациска единица на МВР заедно со лицето кое во време на сторување на прекршокот управувало со возилото при што лицето дава известување дека во време на сторување на прекршокот
управувало со возилото и дава податоци и за неговиот број на мобилен телефон и електронска адреса или, – тој или лицето кое го управувало возилото во времето на сторување на прекршокот во надлежната организациска единица на МВР да приложи изјава заверена на нотар дадена од лицето кое управувало со возилото во која истото ќе потврди дека го управувало возилото во време на сторување на прекршокот.
Кој генијалец го смисли ова? Значи јас можам и сто докази да имам дека не сум сторител на прекршокот, доколку за раче не го донесам сторителот, тоа не се прифаќа?
И серија други легитимни забелешки. Исправна е одлуката на МВР да се пролонгира малку, нека и до после 01.02. примената на казнување со цел филтрација на пропустите, привикнување на јавноста, адаптација на подобро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски со анализа на Сејф Сити: Извинете…
SAFE CITY Започна примената на Safe city,…
Раководството и сите членови на Извршниот одбор…
На денешната седница на Извршниот одбор на…
(Фото) Полицијата ги претстави „пресретнувачите“ – автомобилите…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред…
Виткоф и Кушнер пред средбата со Путин,…
Пред нивната средба во Кремљ со рускиот…
„Црна дупка“: Поскапе возачката, парното, струјата… нема…
Поскапе полагањето возачки испит. И парното. За…