Царината спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, успешно откри и спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки цигари.
Камионот кој бил пријавен како празен на излез од државата на граничен премин Ново село, е селектиран за детален царински преглед.
Прегледот е извршен од инспектори од Одделението за оперативни работи кои имаат врвни откривачки оперативни капацитети. При деталниот преглед во полуприколката ладилник во предниот дел е откриен специјално конструиран бункер со преграда каде се откриени цигарите.
Преземени се истражни дејствија од инспекторите од Одделението за истраги и поднесена е кривична пријава против возачот, српски државјанин.
„Една од клучните обврски, нотирани и со извештајот на ЕК, на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи“, рече директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Тој рече дека годинава заклучно со 30 ноември, Царинската управа по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплатила 15,3 милијарди денари, што претставува раст од 10% во однос на минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царината спречи обид за шверц на 5.200…
Секторот за контрола и истраги при Царинската…
Америка и Велика Британија постигнаа голем договор…
Велика Британија и САД постигнаа договор за…
Спречен обид за шверц на хашиш на…
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш…
Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…
Трамп најавува забрана за увоз на кинеско…
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи САД да…