Полициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали

t

На 02/03.12.2025 во периодот од 22:30 часот до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во содејство со ОВР Гостивар, на подрачјето на Полициското одделение Камењане извршиле акциска контрола за откривање на странски државјанки кои илегално престојуваат во државата, кои непријавено работат и кои се можни жртви на трговија со луѓе.

При акциската контрола, во угостителски објект, во с.Горно Седларце, каде управител е 27-годишната Ј.Ц. од Тетово, биле затекнати и приведени О.М.(24), А.Ф.(24), А.В.(28) и А.Т.(27), сите од Украина, кои имале пријавен престој во с.Жеровјане, но престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Трамп испраќа трет носач на авиони на…

Пентагон испраќа трет американски носач на авиони…

Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Над 700 милијарди евра ќе се вртат…

Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус…