Град Скопје става крај на дивите таксисти и превозници: Возилата ќе се одземаат на 6 месеци, акцијата во тек
Инспекторатот на Град Скопје денеска започна силна и одлучна акција за конечно воспоставување ред во дејноста на јавниот превоз.
-Дивите превозници – такси-автомобили, комбиња или автобуси кои со години работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, стануваат минато. Ова го најавив уште кога ја барав поддршката од скопјани и денес ја испорачуваме таа обврска. Нашата цел е јасна и недвосмислена – да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите кои важат за сите. Со новата акција, возилата кои работат нелегално ќе бидат одземани на период од шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог. Ова е конкретна мерка со која праќаме порака дека хаосот и безредието нема да бидат толерирани, вели градоаначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Засилените контроли продолжуваат секојдневно, со уште поголем интензитет во деновите што следат.
-Целта не е да казнуваме по секоја цена, туку да создадеме здрав систем во кој секој што работи ќе работи легално, одговорно и во интерес на граѓаните. Со воспоставување ред во оваа дејност, скопјани конечно ќе добијат безбеден, сигурен и предвидлив превоз. Без импровизации, без ризици и без страв дека превозот што го користат е небезбеден или нерегулиран. Ова е само еден од чекорите со кои го враќаме достоинството на нашиот град. Скопје мора да биде град во кој законите важат за сите, во кој редот е правило, а не исклучок. Град во кој граѓаните се чувствуваат заштитени, а институциите си ја вршат работата професионално и бескомпромисно. И така ќе продолжиме, нагласува Ѓорѓиевски.
Промените почнаа, а нашиот град секој ден ќе станува поуреден, побезбеден и подобро организиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…