Могерини се огласи по обвиненијата: Невина сум

t

Поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, објави изјава во врска со вчерашното приведување на распит и обвиненијата што против неа ги поднесе Европското јавно обвинителство.

Во изјавата Могерини повтори дека не е виновна. „Имам целосна доверба во судскиот систем и убедена сум дека ќе се утврди законитоста на постапките на колеџот“, рече таа во соопштението издадено од прес-службата на елитниот универзитет што го раководи во Бриж, Белгија.

Во врска со истрагата за основањето на Дипломатската академија на ЕУ, таа вчера им го појаснила својот став на истражителите. Таа посочи дека ќе продолжи да соработува со властите, очекувајќи дека исправноста на активностите на Колеџот на Европа ќе биде потврдена пред суд.

Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, е обвинета за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, во врска со доделување на програмата за обука на млади дипломати на Колеџот на Европа, каде што Могерини е ректор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Могерини се огласи по обвиненијата: Невина сум

Поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна…

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ И ФРЛААТ: Масовен…

Министерството за внатрешни работи веќе трет ден…

Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“…

Началничката на Секторот за сообраќајни работи во…

Инфомакс дознава: Сопственикот на добитокот во Паланка…

Инфомакс дознава дека сопственикот на 500тини крави…

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на…

Бугарија е во најголемата политичка криза во…