ОН усвои резолуција со која се бара враќање на украинските деца од Русија
Генералното собрание на Обединетите нации денес усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди „итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца присилно префрлени или депортирани“ за време на војната во Украина и се повикува Москва да ја запре оваа практика.
Резолуцијата беше усвоена од 91 земја-членка на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи ги и САД, со 57 воздржани, додека Русија и 11 други земји гласаа против неа, објави Ројтерс.
Русија побара резолуцијата, изготвена од Украина, Канада и Европската Унија, да не се усвои.
„Секој глас за резолуцијата е поддршка за лаги, војна и конфронтација. Секој глас против е глас за мир“, изјави заменик-амбасадорката на Русија во ОН, Марија Заболоцкаја, пред Генералното собрание пред гласањето.
Резолуциите на Генералното собрание не се обврзувачки. Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави во октомври дека е во „отворена комуникација“ со рускиот претседател Владимир Путин и дека некои деца се вратени во нивните семејства и дека наскоро ќе бидат вратени уште повеќе.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за нелегално депортирање на стотици деца од Украина, потег што Русија го отфрли како „скандалозен и неприфатлив“. Украина ја обвинува Русија за киднапирање на десетици илјади деца и нивно префрлање во Русија или на територија окупирана од Русија без согласност на нивните семејства или старатели.
Москва претходно изјави дека руската војска „ги штити ранливите деца од воените зони“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН усвои резолуција со која се бара…
Генералното собрание на Обединетите нации денес усвои…
Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…
Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…
Фон дер Лајен: Ова е историски ден…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го…
Тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин го…
Украински дронови ги погодија резервоарите за гориво…
Украинците извршија напади со беспилотни летала врз…