Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни

t

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов не гледа никаков индикатор за предвремени избори, иако анкетите кои што ги прават во партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии во државата. Тој денес на брифинг со новинарите рече дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година, „ако нема некои позначајни промени“. Сепак, како што додаде, „во политиката не се знае ништо“.

Главната причина за ваквиот негов став околу терминот за изборите лежи во економијата, односно во обврската идната година да се вратат значајни износи средства кон странските доверители, што доколку се закажат избори во април идната година на пример, може да го попречи процесот на издавање еврообврзница.

Засега, како што вели, тој е фокусиран кон партискиот конгрес што ќе се одржи викендов во Кавадрци, како и на процесот потоа. Тој функционирањето на владината коалиција го оцени како „многу нормално и многу пристојно“.

„Очекувам по самитот ЕУ – Западен Балкан да се докомплетира Владата со двете нови имиња и да влеземе во сета онаа катарза која во рамки на партијата треба да се направи“, вели Мицкоски појаснувајќи дека во партијата станува збор за тим на луѓе кој што, посебно кај општинските комитети и централните и републички комисии, односно во структурите на партијата работат осум години заедно. Тоа, според него е предолг период, па во одредени делови е потребно освежување со нова енергија.

„Некаде има прилично поклопување на обврски и не може тоа да не влијае врз ефикасноста, така што можеби треба некоја нова свежина имајќи предвид што ќе следува“, рече Мицкоски, велејќи дека станува збор за „мека транзиција“.

Тој презентира две анкети кои биле направени во текот на ноември, една теренска, а другата телефонска на кои ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност, повеќе од двојно или тројно во однос на другите партии.

На прашањето зошто тогаш не се одлучува за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека идната година државата ја очекуват сериозни економски предизвици особено ставахќи акцент на враќањето на стари долгови кои доспеваат во 2026 година.

„Кога би гледале партиски, би оделе на предвремени избори напролет. Но, следната година имаме за враќање 2,2 милијарди евра. Обврзницата која што е земена пред четири години е 700 милиони евра и таа треба да се врати во април. Кога евентуално би оделе на избори, тоа би било април или мај, што значи дека во јануари би влегле со техничка влада со лимитиран распон на можности“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека во јануари ќе мора да се работи на новата обврзница, за што министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска била веќе во Лондон и дека веќе има некакви индикации што може да се очекува и какви производи треба да се пласираат.

„Она што е добро, споредено со другите земји во регионот е што немаме проблем со инвеститори. Да рече Албанија има, Црна Гора има, Србија има, Косово има. Ние немаме такви проблеми“, вели Мицкоски додавајќи дека агент на земјава за еврообврзницата е британската банка Стандард чатер, како и дека очекува купонот што ќе се издаде да се реализира целосно.

Мицкоски исто така појасни дека годинава биле вратени 500 милиони евра. Идната година треба да се вратат 700 милиони евра, потоа во 2027 година 500 милиони евра и во 2028 година уште 700 милиони евра.

Минатата година не беше издадена еврообврзница, туку парите беа вратени со помош на унгарскиот кредит, што во моментот беше и најповолна варијанта. Мицкоски вели дека 2029 и 2030 година ќе бидат без години без еврообврзница.

Покрај еврообврзницата од 700 милиони (која што доспева и треба да се врати), на Владата и тежи и буџетскиот дефицит од околу 600 милиони евра, за кој исто така треба да се најдат пари по пат на задолжување, што значи дека само по тие два основи треба да се обезбедат 1,3 милијарди двера, плус други кредити кои што доспеваат следната година.

„Така што, тоа ќе биде прилично предизвикувачки период следната година. Тоа е сериозен процент од Буџет од речиси 7 милијарди евра“, вели Мицкоски.

Во исто време треба да се одржи макроекономската стабилност, да се држи стапката на инфлација во рамки на 2 – 3 проценти, да се почитуваат колективните договори и раст на платите од просечни 9,5 – 10 проценти следната година, притоа да има реален раст на БДП од 3,5 – 4 отсто, а номинален од 7-8 отсто.

„Ова се макроекониомските параметри кои што ако сакаме стабилна екониомија треба да ги имаме “, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски…

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…

Експлозија во воена фабрика во Србија, има…

Денес се случи експлозија во фабриката „Крушик“…

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2029 и 2030…

Бугарија се подготвува за нови демонстрации

Младите и опозицијата бараат оставки и политички…

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред…

Безживотното телото на младиот Миле Тодоров (28)…