Германија воведува доброволна воена служба, ќе трае шест месеци, платата е 2.600 евра

t

Бундестагот го одобри повторното воведување на делумна воена регрутација со цел да се зголеми составот на вооружените сили како одговор на новите безбедносни предизвици.

„Слободите во демократијата не се бранат сами од себе. Ова мора да го прават луѓе кои се подготвени да се залагаат за овие слободи, а не оние кои седат зад оградата и чекаат некој друг да го стори тоа наместо нив“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) во дебатата пред гласањето.

Според новиот закон, воената регрутација ќе се базира на доброволна основа. Во случај да не се појават доволно доброволни регрути во одредени години, Бундестагот би можел да воведе таканаречена воена регрутација на краткорочна основа.

Ќе се воведе и задолжителен прашалник за подготвеност за воена служба и воени способности, кој ќе го пополнуваат членови на одредена генерација кои наполниле 18 години. Пополнувањето на овој формулар е задолжително само за млади мажи.

Според договорот на ниво на НАТО, Германија се обврзала да има 260.000 активни војници во германската армија, Бундесверот. Моментално во Бундесверот служат 185.000 регрути.

Доброволната воена служба би траела шест месеци и би обезбедувала месечна плата од 2.600 евра.

Денеска наутро, за време на дебатата во Бундестагот, низ цела Германија се одржаа протести против повторното воведување на регрутацијата. Протестите, на кои главно учествуваа средношколци, се одржаа под слоганот „Не сакаме да бидеме топовско месо“.

Регрутацијата беше укината во Германија во 2011 година поради уставни пречки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија воведува доброволна воена служба, ќе трае…

Бундестагот го одобри повторното воведување на делумна…

Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто…

Она што во изминатата година и половина…

Скопјанец со тврд предмет ја тепал 15-годишната…

МВР информира дека вчера во 15:00 часот…

НАТО одговори на заканите на Путин: Подготвени…

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО…

Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка…

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…