Осомничен за падот на настрешницата уапсен во Хрватска: Единствениот кој досега избегнал испрашување

t

Г.Р. е уапсен во Хрватска, врз основа на потерница издадена од надлежните органи на Република Србија.

Еден од осомничените во случајот на Обвинителството за организиран криминал во истрагата за финансиски текови во врска со падот на настрешницата во Нови Сад, Г.Р., уапсен е на 1 ноември во Хрватска, објави РТС според извори од обвинителството . Информацијата ја потврди Министерството за правда.

Г.Р. е уапсен врз основа на потерница издадена од надлежните органи на Република Србија, соопшти Министерството.

Тој бил во бегство и единствениот кој не бил сослушан во случајот поврзан со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Со одлука на Окружниот суд во Славонски Брод му е одреден екстрадициски притвор.

Министерството за правда по официјалната информација дека Г.Р. е уапсен, поднело барање за екстрадиција до надлежните хрватски органи на 12 ноември, во согласност со билатералниот договор.

настрешница, осомничен, Храватска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски меѓу гостите на „Тиквешкиот гроздобер“

Кавадарци го слави грозјето. Високи гости денеска…

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се…

До 18 часот денеска регистрирани се вкупно…

Полицијата ги спречи граѓаните на Ниш да…

Полициски кордон ги запре студентите и граѓаните…

Нова тензија меѓу Аргентина и Британија: Аргентина…

Аргентина повторно го заострува повеќедеценискиот спор со…

На граничниот премин Богородица за излез од…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…