Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти” 5,5 милиони евра од буџетот!
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, кој уште еднаш го разобличува криминалниот модел на власта на Мицкоски и ДПМНЕ.
„Видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници. Видовме како се краде народот преку наместени тендери. Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како „чисти”?” рече Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција на СДСМ.
Сите патишта водат до Ивица Томовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата.
„Не чисти СОЗР – чисти семејната фирма на Томовски. ‘Чистењето’ се мери во милиони евра!” потенцираше Димитријевиќ.
Според објавените податоци, семејната фирма на Томовски, која го менувала името, но не и матичниот број, од институции и општини добила вкупно:
-5.360.000 евра
-161 тендер
Само со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, фирмата ја зголемила својата дејност за 306%, а само годинава земала нови 10 тендери од речиси половина милион евра.
„Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. ” рече Димитријевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти”…
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова…
Одредени групите за Светскиот куп 2026, македонските…
Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон заврши извлекувањето…
Се очекува реизбор на Мицкоски за претседател…
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кавадарци ќе го одржи…
Големи блокади во Грција поради доцнењето на…
Грчката полиција употреби солзавец за да ги…
МААЕ: Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен…
Заштитниот саркофаг на нуклеарната централа Чернобил во…