Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

t

„Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“.

Мицкоски потенцираше дека Македонија може да чекори сигурно кон Европа само доколку е стабилна во сопствената самосвест и цврста во заштитата на својот идентитет.

Во таа насока, Мицкоски ја презентираше стратегиската рамка на ВМРО-ДПМНЕ:

„Националниот идентитет не е предмет на преговори; почитта кон другите идентитети е вредност, но не на сметка на сопствениот. Јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови. Компромисите во меѓународната политика може да бидат технички, но не смеат да бидат суштински. Државното достоинство не е реторика, туку практична политика“, вели Мицкоски.

„Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно. ВМРО-ДПМНЕ не е радикална десница, ниту класичен конзервативизам затворен во минатото. Центар-десната модернизација подразбира држава што ги зачувува вредностите, традицијата и идентитетот, но истовремено гради динамична економија, иновативна администрација и институции што ја штитат слободата, приватната иницијатива и достоинството на граѓаните“, истакна Мицкоски и додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како политичка сила што ги обединува најдобрите традиции на европската конзервативна мисла: развој без идеолошка агресија, патриотизам без исклучивост, економија што создава можности и држава што обезбедува поддршка за најранливите“.

Мицкоски посочи дека Македонија може да биде европска доколку е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.

,,Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење“, вели Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…