Илон Маск повика на укинување на ЕУ: „Вратете го суверенитетот на државите“
Американскиот претприемач Илон Маск повика на ликвидација на Европската Унија и враќање на целосниот суверенитет на поединечните држави, за да, како што вели тој, „владите можат подобро да ги претставуваат своите народи“.
„ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на државите“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека европската бирократија „полека ја задушува Европа до смрт“ и се прашува „од што точно САД ја штитат ЕУ“.
Брисел претходно објави дека платформата X е казнета со 120 милиони евра, потврди портпаролот на Европската комисија, Томас Рени.
Одговарајќи на објавата на Маск, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се согласи со неговиот став во кратка порака на Твитер.
Тој кратко напиша: „Точно“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…