Орбан: Европа се подготвува за војна до 2030 година, Унгарија вели „не“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „европските лидери одлучија“ дека Европа треба да биде подготвена за војна до 2030 година, но дека Будимпешта јасно вели „не“.
„Унгарија е во опасност, наша задача е да спречиме ЕУ да биде вовлечена во војна – не можеме да го сториме тоа сами“, рече Орбан на собирот на активисти на Фидес во Кечкемет.
Орбан, исто така, рече дека ЕУ требало да ја осуди корупцијата во Украина, но дека „Брисел и Киев се покриваат едни со други наместо да ја гледаат вистината во очи“.
Унгарска делегација ќе патува во Москва. Унгарскиот премиер најави дека голема бизнис делегација ќе патува во Москва на почетокот на декември, со мандат да разговара исклучиво за економски прашања.
Според него, Будимпешта веќе води разговори со Москва за стратешка и економска соработка по укинувањето на санкциите.
Руските медиуми потсетуваат дека Москва постојано ја нагласува својата отвореност за рамноправен дијалог и повикува на напуштање на курсот на милитаризација на Европа. Од почетокот на конфликтот, ЕУ воведе 19 пакети ограничувања, што доведоа до повисоки цени на електричната енергија, горивото и храната на европските и американските пазари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…
Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…