Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта

t

На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот  К.С. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај поради посетата на…

Поради официјалната посета на земјава на Претседателката…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Трамп: Можно е по изборите да го…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

(Видео) Двајца загинаа, двајца се хоспитализирани, а…

Медицински хеликоптер кој превезувал пациент се урна…