Објавено на:

Силен земјотрес од 7,0 степени ја погоди границата меѓу САД и Канада

t

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 ја погоди вчера оддалечената област на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадскиот териториј Јукон. Не беше издадено предупредување за цунами, а властите соопштија дека нема пријави за штета или повредени лица, пренесува The Guardian.

Американскиот геолошки завод (USGS) го лоцираше епицентарот на длабочина од околу 10 километри, околу 370 километри северозападно од Јуно, Алјаска, и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.

„Работите паѓаа од полиците“

Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани. „Дефинитивно се почувствува“, изјави наредничката Калиста МакЛеод. „Многу луѓе коментираат на социјалните мрежи, сите го почувствуваа.“

Алисон Брд, сеизмолог од Канада, објасни дека делот од Јукон кој бил најмногу погоден е планински и ретко населен. „Главно пријавуваа дека работи паднале од полици и ѕидови“, рече таа.

Ретко населена област

Најблиската канадска заедница до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со население од 1.018 жители според податоци од 2022 година. Земјотресот се почувствувал и во Јакутат на Алјаска, град со 662 жители, оддалечен околу 91 километар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…